Утрински Весник
Свет

Во рускиот авион кој се урна имало 65 украински воени заробеници кои биле превезувани за размена

Urnat avion

Голем руски воен транспортен авион „ил-76“ се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во несреќата. Тие тврдат дека биле префрлени од руските сили за да бидат разменети за руски затвореници. Гувернерот на руската област Белгород денеска изјави дека загинале сите 76 лица во авионот што се урна кај селото Јабланово. Според руските извори, 65 од нив биле украински воени заробеници, кои патувале на размена. Руското Министерство за надворешни работи тврди дека украинските сили го собориле авионот додавајќи дека тоа е варварски чин, пренесува „Ројтерс“ повикувајќи се на руската агенција „Тасс“. Москва не обезбеди никакви докази за ова тврдење. Руски парламентарец претходно денеска изјави дека авионот бил соборен од американска или германска ракета испратена во Украина.

 

Можете да прочитате

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп

Најмалку 36 лица загинаа во пожарот во Хонг Конг