Утрински Весник
Свет

Четиричлено семејство пронајдено мртво во Англија, мажот и жената имале рани во вратот

Img 8101

Маж и жена се пронајдени мртви заедно со две девојчиња во куќа во Норфолк, Англија, соопшти тамошната полиција, а пренесува „Скај њуз“. Маж и жена починале од убодни рани во пределот на вратот, додека точната причина за смртта на девојчињата се уште се утврдува, соопшти полицијата.

Во петокот наутро, полициските службеници ги пронашле телата на 45-годишната Бартломеј Кучински и две девојчиња, за кои се верува дека се негови ќерки. Заедно со нив е пронајдено и телото на 36-годишна жена, за која постои сомневање дека била дел од исто семејство.

Потврдено е и дека мажот и жената имаат убодни рани во пределот на вратот, а инспекторите засега не поврзуваат никого надвор од семејството во врска со смртните случаи. Обдукцијата на двете девојчиња ќе биде извршена подоцна.

Инаку, полицијата не излегла веднаш на терен, туку дури откако видела дека од дадената адреса е остварен итен повик, на кој никој не се јавил.

Главниот инспектор Крис Бургес, кој ја води истрагата, рече: „По овие случувања, единствено сме задоволни што никој друг не бил вклучен во инцидентот“.

„Оваа најнова информација само ќе ја зголеми вознемиреноста и шокот што го чувствуваат членовите на локалната заедница и затоа од самиот почеток сме решени да спроведеме темелна и методична истрага за целосно да разбереме како се случил овој инцидент“, рече инспекторот.

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме