Утрински Весник
Култура

Славица Јанешлиева за Трн.мк: Сакам да ја потенцирам важноста на слободата на избор и толеранцијата меѓу нас

Img 8075

Деканката на ФЛУ, проф Д-р. Славица Јанешлиева е македонска претставничка на Венециското биенале на уметноста. На овој водечки светски настан кој истражува теми од политиката, современата уметност, архитектурата и општествени прашања, нашата Национална галерија е носител на проектот на Јанешлиева, со кој се претставуваме на јубилејното 60. издание на Биеналето кое веќе 120 години дефинира голем дел од светската култура, уметност, па и политика.

Во интервју за порталот Трн.мк таа говори за нејзините дела, за Венециското биенале, но и за работата на Факултетот за ликовни уметности

Трн: Еднаш на перниците стави сон, а на креветот школки кои бодат и сечат. Може ли убаво да се сонува, на кревет од дојрански школки? Што сонуваш деновиве?

Славица: Поетично поставено прашање, и фино сте забележале, лиричноста често ја поврзуваат со моето творештво. Перниците кои ги поврзувате со сон се од делото „Небомантија“ (1999), а креветот од школки „Кревет на плачот“ е дел од „Крик“ (2003). И во „Крик“ има две перници, едната е мека но непријатна заради рачно извезениот ироничен цитат, а втората е бодликава и предизвикува болка. Често користам секојдневни и препознатливи предмети/елементи во творештвото. Перниците, покрај тоа што треба да се меки и сонливи, за мене се претстава за нешто што го допираме со главата, а од главата потекнуваат мислите. Ткаенината ја перцепирам како нешто што не обвива, како замена за кожата. „Небомантија“ е мој збор-кованица и игриво дело на препозавање и перцепција. А „Крик“ има сосема друга порака и во сржта зборува за болката на пронаоѓањето/непронаоѓањето на идентитет, фрустацијата да се биде нем посматрач и прашањето дали треба да остане така. Не може убаво да се сонува на кревет од дојрански школки, не може ни да се спие… токму тоа е и поентата на делото, да предизвика немир… иако естетски е примамливо. Ноќеска сонував дека ми се затнала канализацијата дома…хахах каков кошмар. Но, сега сериозно… имам многу соништа, сакам да ги наречам предизвици. Приватни и професионални. Некои се пореални од останатите. Но, јас сум идеалист и фантазер и сакам да поместувам/надминувам граници. Сонувам дека ќе доживеам уметноста и културата да си го вратат значајното место во општеството и ќе се наметнеме да негуваме и величиме вистински вредности.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“