Утрински Весник
Свет

Шефот на турската дипломатија и лидерот на Хамас разговарале за побрз прекин на огнот во Појасот Газа

Img 8069

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, го прими шефот на палестинската вооружена група „Хамас“ Исмаил Ханија, јави агенцијата Анадолија, повикувајќи се на извори од турското Министерство за надворешни работи.

Двајцата размениле мислења за можноста за што побрз прекин на огнот во Појасот Газа.

Се разговараше и за прашања поврзани со зголемување на обемот на хуманитарна помош за Газа и ослободување на заложниците.

Фидан и Ханија се осврнаа и на прашањето за решавање на кризата врз основа на создавање две држави со цел да се воспостави траен мир во регионот.

Можете да прочитате

ЕУ: Украина мора да има право сама да одлучува за својата иднина

Сијарто: Унгарија ја поддржува средбата Трамп-Путин, ЕУ се обидува да ја саботира

Суспендиран пилот на „Изи џет“, шетал во хотел пијан и гол, а следниот ден имал лет