Утрински Весник
Спорт

Австрија прокоцка пет гола против Германија

IMG

Ракометната репрезентација на Австрија можеше да слави голема победа против Германија и да дојде на чекор до полуфинале, имаа водство од пет разлика но го пропуштија во финишот, мечот заврши нерешено 22-22.

Австрија водеше речиси во текот на целиот меч, имаа предност и од пет гола разлика. Беше 21-16 за нив, веројатно веќе почнаа да ја слават победата, а тогаш се случи неверојатна серија на Германците.

До крајот на мечот Австрија даде само еден гол, а Германија направи серија од 6-1 и дојде до нерешени 22-22.

Билик даде пет гола за Австријците, во составот на Германија најефикасен беше Кнор со шест погодоци.

По три одиграни кола во групата прва е Франција со максимални шест бода, Унгарија и Австрија имаат по четири, Германија три, Хрвватска има еден бод, Исланд е без бодови.

Можете да прочитате

Португалија убедлива против Узбекистан, Роналдо испиша историја

Меси, Мбапе, Халанд…кој ќе биде најдобар стрелец на СП?

Лионел Меси стана најдобриот стрелец во историјата на Светските првенства