Утрински Весник
Македонија

Приведен дрвокрадец во скопско, следува соодветна пријава

IMG

На 19.01.2024 во 23.00 часот во атарот за с.Ласкарци, скопско, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го привеле Б.А.(19) од с.Ласкарци.

Тој бил затекнат како со патничко возило „форд ескорт” со скопски регистарски ознаки превезува огревно дрво без документација.

Возилото и дрвата биле одземени, а лицето било приведено во Полициското одделение Сарај.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Таткото и ќерките со кравите добија кривична пријава за „тешка телесна повреда“

Започнаа јавните расправи за новиот Кривичен законик – построги казни за корупција и злоупотреби, до 15 години затвор

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии