Утрински Весник
Свет

Индија: Најмалку 16 деца и двајца учители загинаа по превртување на чамец

Vadodara Boat Capsize Pti

Најмалку 16 деца и двајца учители се удавија денеска во Индија кога се превртел чамецот со кој патувале, соопштија властите.

Спасувачите извлекоа 20 деца од езерото Харни во градот Вадодара и трагаат по уште две кои се водат за исчезнати, соопштија полицијата и окружните власти, додавајќи дека некои од децата моментално се на интензивна нега.

Не е познато колку луѓе имало на бродот, а извештаите на локалните медиуми како можна причина за инцидентот го наведуваат преоптовареноста, што полицијата не го потврди.

Високиот функционер на градската полиција Анупам Синг Галаут рече дека не биле обезбедени елеци за спасување за патниците за време на возењето со бродот. Тој додаде дека децата биле на возраст меѓу седум и 13 години и оделе во училиште во Вадодара.

„Потресен сум поради загубата на животи. Моите мисли се со ужалените семејства во овој тажен момент“, рече индискиот премиер Нарендра Моди, додавајќи дека федералната влада ќе обезбеди отштета од 2.400 долари за семејствата на починатите и околу 600 долари за повредените.

Обесштетување од околу 4.800 долари за семејствата на починатите најави и владата на индиската држава Гуџарат, каде што се наоѓа Вадодара.

Можете да прочитате

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд

Кендал: Земјите-членки на НАТО се вовлечени во „скриена кибервојна“ со Русија

Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во дискотека во Мексико