Има многу придобивки што доаѓаат од сексот: тој согорува калории, го зајакнува имунолошкиот систем, промовира интимност и, се разбира, ослободува допамин во мозокот – па можеби не е изненадување што сексот ви помага да се чувствувате млади.
Животниот век на клетките
Сексот всушност може да помогне во забавување на стареењето, според студијата од 2017 година објавена во списанието Psychoneuroendocrinology. Откриено е дека имањето секс барем еднаш неделно е поврзано со подолги теломери – заштитното капаче на ДНК што го одредува животниот век на клетката. Подолгите теломери се поврзани со побавно стареење на клетките и подолг животен век.
Истражувачите го следеле сексуалниот живот на 129 мајки во врска. Жените секојдневно известуваа за нивното задоволство од нивната врска, како и колку често биле интимни со своите партнери. Истражувачите земале и примероци од крв од жените и ги анализирале клетките за индикатори за стареење.
Откриле дека жените кои имале односи со своите партнери во изминатата недела имале подолги теломери во споредба со оние кои немале, пренесува порталот The Healthy.
Ова истражување покажува поврзаност, но не може да докаже дека сексуалната активност била причина за подолгите теломери. Сепак, се смета дека должината на теломерите е важна за здравјето на луѓето.
Со текот на времето, теломерите се деградираат како што клетките се делат, станувајќи малку пократки со секоја клеточна делба. Се смета дека одредени фактори го поттикнуваат нивното побрзо распаѓање, како што се лошата исхрана, прекумерното консумирање алкохол и природниот процес на стареење, според истражувачите.
Нивните откритија покажуваат дека сексот може да биде корисен кога станува збор за заштита на теломерите, што значи дека клетките можат да живеат подолго. Истражувачите ги поврзуваат кратките теломери со сериозни здравствени проблеми како што се ракот, срцевите заболувања и дијабетесот.