Утрински Весник
Македонија

НАЈАВА: Во четврток и во петок и до 18 степени – За време на викендот снег и снежна бајка во поголем дел од Македонија!

Whatsapp image 2024 01 17 at 08.39.35
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Метео анализа на Славчо Поповски

Во следните денови во Македонија ќе имаме многу променливо време. Особено во западните предели ќе има и појава на повремен локален дожд, во четврток и во петок ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец (локално и повремено со брзина од над 60 км/час). Токму ова ќе услови позначително затоплување на времето и натпросечно високи температури на воздухот.

Во четврток и во петок температурите на повеќе места ќе се искачат над 10 степени, а во најтоплите централни и југоисточни предели тие ќе достигнат дури и до пролетни 18 степени.

И во Скопје и околината ќе имаме слично време, односно позначително, но краткотрајно затоплување на времето во четврток и во петок кога ќе дува засилен јужен ветер. Тогаш температурата ќе се искачи до околу 12 степени.

Под влијание на нов влажен и студен воздушен бран од север, за време на викендот ќе имаме нови врнежи, кој поради наглото заладување на многу места ќе преминуваат во врнежи од снег, со што се очекува формирање на снежна покривка на повеќе места низ Македонија.

НАПОМЕНА: Поради наглите  и големи температурни промени кој се очекуваат во следните денови, кај метеопатите се очекуваат позначителни здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен

АМСМ: Блокиран патот Берово-Струмица поради собир, магла кај Ресен