Утрински Весник
Магазин

Во Белгија пронајдени слики на Пикасо и Шагал украдени во 2010 година

Capture 1

Белгиската полиција пронашла слики од Пабло Пикасо и Марк Шагал, украдени пред 14 години во Тел Авив, во подрум на куќа во Антверпен, соопштија денеска локалните власти.

Официјални лица изјавија дека „Главата“ на Пикасо и „Човекот што се моли“ на Шагал, чија вредност се проценува на околу 900.000 долари, се во добра состојба.
Сликите беа украдени од колекционер на уметнички дела во Тел Авив во 2010 година.

Притоа бил украден и накит вреден 680.000 долари, но биле пронајдени само сликите.

Локалната полиција покрена истрага кога доби дојава дека белгиски државјанин ги нуди двете парчиња на продажба. Обвинителството соопшти дека главниот осомничен е уапсен.

Можете да прочитате

Вакцина против старечките „зомби“ клетки

Eдноставни тестови откриваат дали доматот е навистина добар

Голема наградна игра за третиот роденден на Diamond Mall – атрактивен автомобил е главната награда