Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Спасовски: За една недела полицијата изврши 44 приведувања, пиша речиси 3.800 сообраќајни казни

420110161 924892435674363 5610071811309259115 n
300x250 opst2

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во текот на изминатата недела 08.01.2024 – 14.01.2024 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

„Остварени 44 приведувања по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, нелегално превезување огревни дрва, поседување и употреба на оружје, кражба. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3790 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Остварени се 13 превентивни активности на теми превенција за безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила, пешаци, користење зимска опрема. Продолжуваме – транспарентно и отчетно“ се наведува во објавата на Спасовски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Инфлацијата се намалува, нема зголемување на ДДВ, нема прифаќање ултиматуми

Пешак и куче удрени од автомобил: Човекот со тешки повреди, миленикот починал на лице место

Димитриевиќ: Преспанските овоштари жртви на неспособноста на ДПМНЕ