Утрински Весник
Македонија

За 40% зголемен бројот на загинати лица на работно место во 2023 година

Img 7899
Dik 300x250 mk
  • Лани на работно место загинале 17 лица, информираше вчера Весна Томовска, директорката на Државниот инспекторат за труд (ДИТ), на брифинг со новинарите. Таа кажа и дека имало 12 случаи на колективна повреда на работа.

Бројот на несреќи при работа со смртни последици во 2023 е покачен во споредба со оној во 2022 година, кога на работа загинале 12 лица. Но, Томовска потенцира дека во 2019, 2020 и 2021 година, бројот на загинати лица бил 17, односно ист како и лани.

„Бројот на колективни повреди во 2022 година бил 15, што е повисок од бројот на повреди во 2023 година. Ова зголемување на бројката на несреќи со смртни последици е резултат на тоа што сè уште треба да се работи на подигнување на свеста кај работниците за носењето на личната заштитна опрема, посебно кога станува збор за ризичните дејности, односно градежништво, каде што најчесто се случуваат несреќите со смртна последица“, изјави директорката на ДИТ.

Според неа, треба да се обрне внимание на почитувањето и на спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа од страна на работодавците.

Можете да прочитате

Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски

АВМУ: Денеска на полноќ завршува објавувањето резултати од анкети за вториот круг од Локалните избори 2025

ГОБ „8 Септември“ доби хипербарна комора за лекување хронични рани, изгореници, но и за потреби на спортисти