Утрински Весник
Спорт

Лионел Меси по трет пат најдобар фудбалер во светот!

Lionel messi fifa nagrada
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Играчот на Интер Мајами, Лионел Меси по трет пат во кариерата е добитник на признанието The Best што го доделува ФИФА.

Меси сега е рекордер по бројот на добиени The Best признанија, надминувајќи ги Кристијано Роналдо и Роберт Левандовски кои имаат по две.

Тоа е уште едно големо признание во пребогатата за Аргентинецот кој, сепак, не дојде лично да ја прими наградата, како и другите двајца номинирани Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд. Најдобриот во изборот на ФИФА го бираат селекторите и капитените на сите репрезентации во светот, плус по еден спортски новинар од секоја држава.

Доделени беа и другите награди во изборот на ФИФА. Најдобра фудбалерка е Ајтана Бонмати од Барселона, односно шпанската селекција, најдобар тренер во женска конкуренција е селекторот на англиската репрезентација Сарина Вигман, најдобар голман кај жените е Мери Арпс, а кај мажите Едерсон, ферплеј признанието отиде кај бразилската репрезентација која го поддржа Винисиус во борбата против разисмот, а најатрактивниот гол е дело на играчот од средниот ред на Ботафого, Гиљерме Мадруга.

Можете да прочитате

РФМ полноправна членка на медитеранското ракометно семејство

Халанд го престигна Роналдо по број на голови во Премиер лигата

Ал-Наср доби забрана да регистрира играчи