Утрински Весник
Магазин

Шенен Доерти сака нејзината пепел да се измеша со останките на нејзиното куче и нејзиниот татко

200204110601 Shannen Doherty Gma Int Cancer Diagnosis Super 169

Шенен Доерти сериозно размислуваше за нејзиниот погреб. Во последната епизода од нејзиниот подкаст „Да бидеме јасно“, ѕвездата на Беверли Хилс, 90210 – која моментално живее со метастазиран рак во 4 стадиум зборуваше за неејзините желби со нејзиниот најдобар пријател и извршител на нејзиниот тестамент Крис Кортацо.

„Ова е толку морбиден разговор, но исто така е и многу забавен“, рече таа. „Сакам (моите посмртни останки) да се измешаат со моето куче и сакам да се измешаат со мојот татко. Не сакам да бидам погребана и да не бидам кремирана“.

Доерти (52) го сподели и она што го замислила за нејзиниот погреб, истакнувајќи дека кога станува збор за присутните, таа претпочита списокот на присутни да биде многу кус. Исто така рече дека сака службата да се одржи во нејзината куќа, објаснувајќи како тоа треба да биде „забава“ и „прослава“.

На Доерти првично и беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. Иако отиде во ремисија во 2017 година, ракот се врати во 2019 година. Таа ја објави дијагнозата на рак со метастази во стадиум 4 следната година.

Во нејзината насловна страница на магазинот PEOPLE кон крајот на минатата година, Доерти зборуваше за тоа колку е решена да живее полн живот среде нејзината борба против ракот.

„Не сум завршила со живеењето. Не сум завршила со љубовта. Не сум завршила со создавањето. Не сум завршила со тоа што се надевам дека можам да ги сменам работите на подобро“, рече таа. „Едноставно не сум – не сум готова“.

 

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста