Утрински Весник
Македонија

Министерство за здравство апелира да не се злоупотребуваат термините на Радиологија

Img 1364 1024x683 1

Во одговор на новинарско прашање зошто пациенти реагираат дека се чека долго за термин и читање резултати, Антулеска- Белческа рече дека со оглед на капацитетите со кои располагаат во моментот, тие го даваат својот максимум.

– Имаме три апарати за магнетна дијагностика, таа е многу интересна и премногу барана, дури и злоупотребена како метода. Мислам дека е тука основниот проблем. Треба да се прави правилна тријажа на пациентите, значи да се утврди кој пациент е итен за магнетна, нему да му дадеме предност. Заради тоа апелирам и кон своите колеги, да направиме правилна тријажа, со цел да им дадеме предност на оние, на кои навистина магнетната резонанца им е неопходна. Во тој случај, ние би биле и далеку поефикасни, истакна таа, одговарајќи на новинарски прашања на денешната промоција на нови апарати на Радиологија.

Кога станува збор за дополнителен кадар, таа информираше дека дел вработувања се реализирани, меѓутоа сѐ уште не се доекипирани.

Министерот Меџити се согласи дека има проблеми во термините на радиологија. Тој кажа оти се случувало на дежурство или во амбуланта, да дојде пациент со петмесечна главоболка и самиот да кажува дали треба да се направи магнет или не.

-Заедно со директорите на радиологија, ќе ги заостриме критериуми, работиме во оваа насока како и во сите други насоки. Тоа што ви кажав на почеток дека веќе работиме навистина интензивно и тоа ќе биде новитет и реалност, таа централизација на радиологија што ја кажавме, но, навистина ни треба време за овие работи. Повторно апелирам до граѓаните да не кажуваат на докторите – навистина и тие да сочувствуваат со нас, да знаат точно дека сепак, докторите одлучуваат кој има потреба, а кој не, додаде министерот.

Тој рече и оти во европските земји, во одредено време кога треба кај матичен лекар да се оди, треба со месеци да се чека термин, а ако е итност, за тоа одлучуваат самите стручни лица и лекарите.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме