Утрински Весник
Магазин

На аеродромот во Франкфурт возило за кетеринг удрило во авион

O 1899712 1024

Возило за кетеринг на авиокомпанијата Кондор удрило во авион на Луфтханза на пистата на аеродромот во Франкфурт.

Порталот за воздухопловни вести „Аеротелеграф“ прв извести за инцидентот што се случи во саботата наутро. Според извештајот, авионот на Луфтханза слетал на аеродромот од Дизелдорф непосредно пред несреќата, додека друг авион бил на платформата нешто по 07:00 часот наутро.

Но, тогаш силна експлозија го потресе екипажот на авионот.

Како што се испостави, воило за кетеринг на конкурентската авиокомпанија Кондор удрил во авионот.

Фотографиите со кои располага „Аеротелеграф“ ја покажуваат и силината на ударот на судирот. На авионот можеа да се забележат јасни пукнатини. Покрај тоа, делови од возилото за кетеринг удриле и се забиле во леталото.

Освен значителната материјална штета, која по толку кратко време се уште не можеше да се прецизира, авионот на Луфтханза најверојатно извесно време ќе биде надвор од употреба.

Ваквите несреќи инаку не се реткост на аеродромот во оваа метропола. Минатиот септември копнено возило удри во друг авион на Луфтханза. Во истиот месец, друго возило се судрило со сосема нов Кондор А330 Нео.

Единствената позитивна работа во генерално крајно непријатниот и скап инцидент на аеродромот во Франкфурт е тоа што, според информациите, во моментот на судирот немало патници во авионот, ниту пак има повредени, пренесува „Феникс-Магазин“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста