Новак Ѓоковиќ утре со дуелот против Хрватот Дино Призмиќ ја започнува одбраната на титулата на Отвореното првенство на Австралија и освен походот кој единаесеттиот гранслем-трофеј во Мелбурн и вкупно 25-ти во кариерата, српскиот тенисер е во игра да собори уште неколку рекорди.
– Доколку ја обраните титулата, тоа ќе биде единаесетти триумф на Австралија опен. Во последните пет години, Новак учествуваше четирипати и исто толку пати го крена шампионскиот пехар.
– Доколку победи на годинешното издание на Отвореното првенство на Австралија, тоа ќе биде единаесетта победа во исто толку финалиња. Се започна во 2008 година, а потоа победуваше и во 2011, 2012,2013, 2015, 2016, 2019, 2020, 2021 и 2023 година.
– Со евентуалниот триумф во Мелбурн, Ѓоковиќ би дошол до 99-та титула во кариерата во поединечна конкуренција со што би се приближил до 103-те титули на Рожер Федерер, како и до Џими Конорс кој има 109 титули.
– Со евентуален триумф во Мелбурн, Ѓоковиќ ќе дојде до 25-тиот гранслем-трофеј, со што би му избегал на Рафаел Надал кој има 22 триумфи на четирите гранслем-турнири.