Утрински Весник
АвтомобилиМагазин

„Киа“ објави рекордна продажба од над три милиони возила дома и ширум светот за 2023 година

Kia Motors

Автомобилската корпорација од Јужна Кореја, „Киа“ објави дека продала 3.085.771 возило ширум светот во 2023 година, достигнувајќи нов годишен рекорд на продажба, на светско ниво. Во однос на 2022 година, продажбата е зголемена за 6,3 отсто.

Со исклучок на возилата за специјални намени, продажбата на пазарите вон Јужна Кореја е зголемена за 6,7 отсто. А, во самата земја продадени се 563.660 возила, што е зголемување од 4,6 отсто. Претходниот најдобар годишен резултат „Киа“ го забележа во 2014 година, кога продаде 3.038.552 возила – 465.200 возила во Ј Кореја и  2.573.352 возила продадени вон земјата.

Спортскиот теренец „Спортаж“ се најде на врвот на светската продажба за лани, по што следат теренеците „Селтос“ и „Соренто“.

Според познавачите, со такви напори, „Киа“ ќе продолжи со растот и ќе ја постигне својата цел да стане снабдувач со еколошки одржливи возила.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста