Утрински Весник
Магазин

Нова улога на Леонардо ди Каприо, овојпат во комедија

Leonrdo Di Kaprio

Порталот „Дедлајн “ ексклузивно ја објави веста за претстојното снимање на новата комедија на Пол Томас Андерсон во која главните улоги им се доверени на Леонардо ди Каприо, Шон Пен и Реџина Хол.

Се уште не е познато името на филмот, ниту се познати деталите од приказната, но познато е дека снимањето ќе започне на 21 јануари во Калифорнија. Проектот е надгледуван од Студио Ворнер Брос. Изворите наведуваат дека ова ќе биде „најкомерцијалниот“ филм во кариерата на Андерсон, а дејствието е сместено во сегашноста.

Пред речиси три децении Андерсон му ја понуди на Ди Каприо главната улога во филмот „Буги ноќи“, што тој ја одби, оценувајќи дека е подобро да ја прифати улогата на Џек Досон во „Титаник“ на Џејмс Камерон.

Неодамна Леонардо ди Каприо можевме да го видиме во главната улога во филмот на Мартин Скорсезе „Убиство под цветната месечина“. Во 2021 година, Шон Пен ја режираше драмата „Ден на знамето“ во која ја играше главната улога, а Реџина Хол е позната по франшизата „Мрачен филм“.

Последниот филм на Пол Томас Андерсон „Пица со Тасев биле“ беше објавен во 2021 година и доби три номинации за Оскар. И во оваа драмедија режисерот му доверил една од улогите на Шон Пен.

Можете да прочитате

Негодувања па овации за настапот на израелската претставничка Голан во Малме

Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евросонг

Диететичарка тврди дека едноставна навика го забрзува слабеењето