Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Започнува исплатата на финансиската поддршка за основците и средношколците

D0b7d0b0 D0bfd0b5d182 D0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8 D181d0b4d181d0bc D0b8d0b7d0b3d180d0b0d0b4d0b8 75 D0b4d0b5d182d181d0bad0b8 D0b3d180d0b0 63cd8cafe1830

Интегрален текст од соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на  9-тиот пакет антикризни мерки.

За неколку дена започува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.

Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари, односно вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година

Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари месечно. Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште.

СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на учениците и на нивните семејства.

Со СДСМ секој добива повеќе.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме