Утрински Весник
Свет

Високите температури предизвикаа пожари низ Австралија, граѓаните повикани на евакуација

IMG

Повеќе од 40 пожари горат денеска во државата Западна Австралија, најголемата држава на континетот, додека жителите на округот Читеринг, на околу 60 километри северно од Перт, се изложени на огромен ризик од ширење на пожарот.

“Вие сте во опасност и мора веднаш да дејствувате за да преживеете. Има опасност по животите и домовите“, објави државното Министерство за вонредни ситуации на својата веб-страница, во врска со пожарот во Читеринг, рурална област каде живеат околу 6.000 луѓе.

Повикот за евакуација дојде во време на предупредување за топлотен бран што е во сила од саботата, но многу делови од австралиската држава го укинаа предупредувањето за избивање пожари, пренесуваат британските медиуми.

Во Перт се предвидува максимална температура од 41 Целзиусов степен, речиси 10 степени над просечниот јануарски максимум во градот, покажуваат податоците на Националната метеоролошка агенција.

 

Можете да прочитате

АфД првпат доби  претседател на парламентот на Саксонија-Анхалт

ЕК предлага постепена интеграција и заштита од назадување на новите членки

Во Иран се воведуваат затворски казни за соработка со медиуми прогласени за непријателски