Утрински Весник
Спорт

Вардар почна со реконструкција на тимот

Img 7681

Македонскиот фудбалски прволигаш Вардар, откако го промовираше новиот шеф на стручниот штаб Горазд Михајлов, отпочна со реновирање на тимот кој во пролетниот дел ќе има за цел да обезбеди опстанок во елитното друштво. „Црвено-црните“ најпрво ја прекина соработката со Владимир Жоглев, а денеска и со уште тројца фудбалери: Христијан Вецески, Љутфи Биљали и Лука Трајкоски.

Биљали дојде во Вардар во пресрет на оваа сезона, но одигра само пет натпревари од кои еден како стартер и не успеа да постигне гол. И Трајкоски дојде во текот на летото како слободен играч од Победа и беше стандарден до десеттото коло кога се повреди и до крајот на полусезоната не заигра. Дефанзивецот Вецески дојде во 2022 година од Пелистер и сезонава одигра 11 меча.

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот