Утрински Весник
Свет

Ердоган: Американскиот и британскиот напад врз Јемен е „несразмерна употреба на сила“

IMG

Нападите на САД и Велика Британија врз Јемен се „несразмерна употреба на сила“, изјави денеска турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган, цитиран од Дирекцијата за комуникации на земјата.

„Израел, исто така, прибегнува кон оваа непропорционална употреба на сила во Палестина“, рече тој.

Ердоган рече дека порано го сметал израелскиот претседател Исак Херцог „како многу попријателски“, но дека Херцог неодамна го имитирал премиерот Бенјамин Нетанјаху „и почнал да дава многу различни изјави“.

Ердоган додаде дека документите обезбедени од Турција се користат во случајот за геноцид во Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

„Со документите што ги доставивме, кои се претежно визуелни документи, Израел ќе биде осуден“, рече тој.

Можете да прочитате

Трамп се заканува дека САД нема да се грижат за безбедноста на Ормускиот теснец

Експлозии во Тел Авив по предупредувањето за ирански ракетен напад врз централен Израел

Итно предупредување од ИРГЦ: Држете се подалеку од нафтените објекти во Саудиска Арабија, ОАЕ и Катар