Утрински Весник
Спорт

Нова спринт победа на Мартин – Шпанецот триумфираше во Јапонија

Нова спринт победа на Мартин – Шпанецот триумфираше во Јапонија

Возачот на Прамак Дукати, Хорхе Мартин, триумфираше на спринтерската трка што се одржа во рамките на Јапонското ГП.

dobivaj vesti na viber

Шпанецот ја постигна петтата победа во спринтот на патеката „Твин Ринг Мотеги“, откако стартуваше од пол-позицијата и водеше во текот на целата трка. Најблиску до Мартин беше Бред Биндер од КТМ Рејсинг.

Бранителот на титулата Франческо Бањаја се најде на третото скалило на подиумот. Возачот на Дукати заостана три и пол секунди зад Јужноафриканецот.

Ваквиот исход значи дека Мартин ја намали разликата во генералниот пласман во однос на Бањаја. Италијанецот сега има само осум поени повеќе од Мартин.

Спринтот во Мотеги не донесе многу возбудувања, бидејќи Мартин беше класа за себе во текот на целата трка. Возачот на Прамак го презеде водството пред Џек Милер, Биндер и Бањаја, а Јужноафриканецот го претекна својот тимски колега во првиот круг. Во одредени моменти се чинеше дека возачот на КТМ може да го нападне и Мартин, но не успеа.

Зад нив двајца се водеше голема борба помеѓу Милер и Бањаја, а актуелниот шампион тоа го реши во своја корист во претпоследниот круг. На крајот разликата меѓу двајцата поранешни соиграчи беше нецела секунда.

Најдобрите четири беа следени од вториот возач на Прамак, Жоан Зарко, Марко Бецецки од тимот VR46 и осумкратниот светски шампион Марк Маркез. Возачот на Репсол Хонда беше петти по стартот, а потоа имаше голема борба со Жарко и Бецеки, но киксна во финишот. Поени во спринтот освоија и возачот на Гресини Фабио ди Џанантонио и Маверик Вињалес на Априлија.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига