Највисокиот град на балканскиот полуостров Крушево, викендов беше обоен во сино-жолта боја.
Со голем број спортски активности, дружба, забава, игри и смеа, вработените во Mozzart уживаа во градење на тимот.
Заедничките предизвици и активности само го зајакнаа тимскиот дух и докажаа дека нема непремостливи пречки за тим кој доминира на деловен план, па и на терен.
Вработените без размислување го прифаќаа секој предизвик – од изработка и лансирање ракети, поминување тешки патеки во адреналински парк до тестирање на нивните кулинарски способности, а дружењето заврши со караоке забава.
Главниот заклучок по тридневната авантура е дека вработените на Mozzart уште еднаш покажаа како колегите треба да се забавуваат и поддржат, бидејќи само таквата атмосфера носи врвни резултати.
Со тим билдинг се вратија подготвени за нови работни предизвици и со уште една потврда дека се ТИМОТ КОЈ СЕКОГАШ ПОБЕДУВА!
(ПР)