Утрински Весник
Спорт

Барса обвинета за корупција, претседателите на суд

Барса обвинета за корупција, претседателите на суд

„Случајот Негреира“ преминува во следната фаза – судењето.

dobivaj vesti na viber

Заврши истрагата што шпанското обвинителство со месеци ја водеше во врска по сомневањата дека Барселона 17 години го поткупувала поранешниот потпретседател на Судската комисија на Примера, Хозе Марија Енрикез Негреира. со обвинителен акт за поткуп и корупција.

Покрај Негреира и неговиот син, шефот на Првиот истражен суд во Барселона, судијата Хоакин Агире, покрена обвиненија и против двајца поранешни претседатели на Барселона, во чие време започна оваа „соработка“ со еден од највлијателните луѓе во шпанскиот фудбал, Сандро Росел и Хосеп Марија Бертомеу.

Истрагата утврдила дека Негреира стекнал богатство од 7,5 милиони евра правејќи разни отстапки на Барселона за време на делегирањето судии, лобирање кај самите арбитри, олеснување на суспензиите и други казни, нудење контакти и договарање разни тајни состаноци во корист на еден од најголемите европски клубови, пишува шпанскиот „Ел Дебат“.

Во моментот на објавување на оваа вест, инспектори од „Цивилна гарда“ ненајавено „упаднаа“ во просториите на Судската комисија.

Во меѓувреме, покрената е постапка и против Барселона како здружение на граѓани. Доколку се докаже дека некој од претставниците на клубот барал или понудил пари за нечесни отстапки, тоа ќе се смета за поткуп и во тој случај затворските казни се извесни според шпанското правосудство.

Мадридскиот печат, близок до Реал Мадрид, природно го постави прашањето за легитимноста на освоените титули на Барселона во тој период, па фокусот ќе биде ставен на однесувањето на челниците на Шпанската фудбалска асоцијација, како и на самата Ла Лига.

Во споменатиот период Барселона освои 11 од 27 титули и седум од 31 трофеј во Купот на Кралот.

Можете да прочитате

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра