Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци во Кавадаречко

Тешка несреќа кај Драчево: Излета автомобил со четири млади девојки, однесени сите во болница

Вчера, во 14 часот, во близина на селото Рожден, Кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода С. Ш. (59) од село Кукуречани, Битолско, Ј. Н. (53) од село Долно Ботушје, општина Македонски Брод, и Б. С. (62) од село Лисичани, општина Пласница.

dobivaj vesti na viber

Околу 12.30 часот кај претоварна станица на правно лице од Кавадарци, во близина на рудникот кај с. Мрежичко, Кавадаречко, тие биле забележани како со погоден алат сечат и демонтираат доводен бакарен кабел за напојување со електрична енергија на електромоторите што ја движат транспортната лента од рудникот до фабриката. Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Тошковски: Вчера двајца завршија во притвор поради семејно насилство, денес уапсени се уште двајца

Детали од ОЈО: Стојанче пред сведок ја тепал и ѝ се заканувал на Ивана и на денот на трагедијата

Автомобил излетал од патот, двајца повредени