Утрински Весник
Македонија

Расчистени пет кражби во Тетово, четири велосипеди и еден електричен тротинет вратени на сопствениците

Полициски службеници на СВР Тетово вчера целосно расчистиле пет кражби извршени во текот на овој месец, а за кои е осомничен малолетник од тетовско Селце.

dobivaj vesti na viber

Кај него биле пронајдени и од негов роднина одземени четири велосипеди и еден електричен тротинет, кои им биле вратени на сопствениците.

По целосно документирање на случаите, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Сообраќајка во Куманово: Мотоцикл заврши под автомобил

Девет пожари на отворено до 18 часот, два сѐ уште активни

Поведена постапка за врсничкото насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички