Утрински Весник
Економија

Бектеши од Тирана: Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери

Бектеши од Тирана: Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Тирана учествуваше и се обрати на Форумот на министри за економија насловен „Заеднички регионален пазар – чекор кон единствен пазар на ЕУ“ кој се одржува во рамки на Берлинскиот процес.

dobivaj vesti na viber

Тој во своето обраќање на бизнис форумот насловен „Предизвици и потенцијали на заедничкиот регионален пазар- патот кон единствен пазар преку забрзана интеграција“ истакна дека Северна Македонија е целосно посветена на зајакнување на регионалната соработка преку отстранување на сите бариери, одобрување на сите протоколи и нивно имплементирање врз основа на стандардите и регулативите кои земјите од ЕУ ги побарале и воспоставиле

На форумот со фокус на унапредување на заедничкиот регионален пазар, за поттикнување на економскиот раст во регионот и негово приближување до ЕУ ќе учествуваат министрите за економија од Берлинскиот процес, претставници на Европската Унија и други партнери од Берлинскиот процес.

„Кога слушаме емотивни говори од оние кои го водат бизнис секторот и кои се враќаат на минатото, сметам дека сме на погрешен пат. Мораме да одиме напред за да го подигнеме животниот стандард на граѓаните, да имаме економски раст и со тоа да создадеме можности за просперитет на младите“, изјави министерот Бектеши на Бизнис форумот на земјите од Берлинскиот процес на кој учествуваа над 180 компании од регионот и од Европа.

Што се однесува до улогата на ЕУ, министерот подвлече дека таа треба да биде отворена врата за земјите од Западен Балкан, со оглед на тоа што Северна Македонија и Албанија се веќе во процес на скрининг.

„Ако сакаме да имаме раст, план за раст кој ќе се применува во рамките на Западен Балкан мора да работиме заедно и да не гледаме само на нашите внатрешни економии“ – рече министерот Бектеши.

Тој додаде дека Северна Македонија е целосно посветена и поддржува вакви иницијативи, особено во вакви настани да се обединиме, да го оставиме минатото зад себе бидејќи минатото ни создава тешки проблеми.

„Младите бараат нови можности, внатре во ЕУ, а ние сме дел од европскиот континент, па зошто да го немаме тој просперитет во нашите земји“ – изјави Бектеши.

Исто така, министерот истакна дека Северна Македонија целосно го поддржува протоколот ЦЕФТА, иницијативите на ЕУ.

Можете да прочитате

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст

Соработката со „Бехтел ЕНКА” продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025