Утрински Весник
Магазин

Почина актерот Дејвид Мекалум

Почина актерот Дејвид Мекалум
Dik 300x250 mk

Дејвид Мекалум, кој стана една од најголемите телевизиски ѕвезди во 60-тите глумејќи го рускиот шпион Илја Курјакин во ТВ-серијата „Шифра ‘Вујче’“ (The Man from U.N.C.L.E), а потоа освои нова генерација фанови во популарната серија „Истрага на местото на злосторството“ (NCIS) децении подоцна, почина на 90-годишна возраст.

dobivaj vesti na viber

„Длабоко сме ужалени поради смртта на Дејвид Мекалум и привилегирани што Си-би-ес беше неговиот дом толку многу години. Дејвид беше надарен актер и писател и сакан од многумина во светот“, објави NCIS на социјалните мрежи во понеделникот.

Магазинот „Вараети“ објави дека тој починал од природна смрт.

Роден во Шкотска, син на двајца музичари, тој имаше актерска кариера долга седум децении, која се протегаше од неговите студентски денови во 50-тите при лондонската Кралска академија за драмска уметност, каде што една од неговите колешки беше идната ѕвезда Џоан Колинс.

Кариерата ја почна со споредни улоги во голем број британски филмови вклучувајќи ја и „Ноќ за паметење“ (1958), каде што го портретира Харолд Брајд, радиооператор на „Титаник“.

Мекалум гостуваше и во голем број американски ТВ-серии, а во 1964 година се појави во пилотот на шпионската серија „Шифра ‘Вујче’“.

Улогата му донесе две номинации за „Еми“ и статус идол на поп-културата.

Можете да прочитате

„Гугл“ привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

Седмо издание на „Андерфест“ – рок енергија што расте секоја година

Ако сте имале токсични родители, нема да ги паметите овие работи од вашето детство