Утрински Весник
Македонија

Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети

Приведени крадци во Струмица, кај нив пронајдени украдени предмети

Вчера во 10.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и И.Ц.(39) од село Куклиш, струмичко.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека ноќта на 23.09.2023 извршиле „тешка кражба“ во објект на улица „Климент Охридски“ во Струмица.

Притоа, кај нив биле пронајдени предмети кои ги одзеле при вршење на кривичното дело.

Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица, за случајот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по неговото документирање против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Мицкоски: Македонија нема алтернатива освен да одиме напред

Бројот на поплаки од семејствата на повредените во Кочани е значително намален, огромен дел од здравствената заштита на повредените е покриена од страна на државата,вели Клековски

Сиљановска Давкова: Идентитетот не може да се препознае низ ајварот, виното и пунџурот, верувам дека изјавата на Кос е несреќна и случајна