Утрински Весник
Спорт

Гонзалес го продолжи договорот со Фиорентина

Гонзалес го продолжи договорот со Фиорентина

Фудбалерот на Фиорентина, Аргентинецот Николас Гонзалес договорил нов, повеќегодишен договор со клубот од Фиренца.

dobivaj vesti na viber

Гонзалес (25) пристигна во Фиорентина во 2021 година од Штутгарт. Тој има договор со клубот од Фиренца до 30 јуни 2026 година.

Италијанските медиуми потсетуваат дека „виолетовите“ ја одбиле понудата на Брентфорд од 40 милиони евра за аргентинскиот фудбалер во летниот преоден рок.

Фиорентина во следните неколку дена и официјално ќе соопшти дека го продолжила договорот со аргентинскиот репрезентативец.

Гонзалес одигра 86 натпревари за Фиорентина и постигна 26 гола. Сезонава, во првите пет кола постигна четири гол.

Минатата сезона Аргентинецот беше избран во идеалниот тим на Конференциската лига.

Фиорентина во финалето на ова натпреварување беше поразена од Вест Хем со 2:1.

Клубот од Фиренца моментално се наоѓа на петтото место на табелата во Серија А со 10 бодови.

Гонзалес одигра 25 натпревари за аргентинската репрезентација и постигна пет гола. Поради повреда го пропушти Светското првенство во Катар каде што „гаучосите“ ја освоија титулата.

Можете да прочитате

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ

Манчестер сити испушти 3:0 над Феенорд и ја продолжи серијата без победа на шест натпревари