Утрински Весник
Македонија

На магистралниот пат Гостивар-Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила

На магистралниот пат Гостивар-Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

На магистралниот пат Гостивар-Кичево сообраќајот се одвива наизменично со пропуштање на сите типови возила, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

ГП Евзони (Богородица) затворен за сообраќај на сите видови возила

Објавен првиот „Македонски етимолошки речник“, издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“

Заврши реконструкцијата на ГАК вредна 110 милиони денари, на Клиниката годинава родени над 4 000 бебиња