Утрински Весник
Свет

Албанската опозиција: Косово членка на НАТО – единствено решение за мир во регионот

Албанската опозиција: Косово членка на НАТО – единствено решение за мир во регионот
Dik 300x250 mk

„Вчерашниот напад врз полицијата на Косово од страна на терористите поддржани од Србија е јасен показател дека целите и политиките на Србија се исти како и на Русија, која во моментот врши агресија врз Украина.

dobivaj vesti na viber

Затоа, меѓународниот фактор, САД и ЕУ, мора да дејствуваат за да не се случи втора Украина на Балканот. Цениме дека САД, како главен партнер и пријател на Албанците и Косово, но и ЕУ, треба да ги искористат сите можни механизми за Косово што побргу да стане членка на НАТО.

Со оваа ќе се запре сценариото за втора Украина, ќе се гарантира територијалниот интегритет на Косово и ќе се обезбеди мир во целиот регион.

Сè додека Србија не може да се отцепи од Русија, мирот во Европа и на Балканот е загарантиран само со членството на Косово во НАТО“.

Соопштение на Алтернативата – Движењето Беса – Демократското движење

Можете да прочитате

Кина лансираше вселенско летало со тројца астронаути кон вселенската станица „Тјангонг“

Во Истанбул на 4 ноември состанок на министрите од исламските држави за мировниот план за Појасот Газа

Пентагон дозволи испорака на ракети „Томахавк“ на Украина, конечната одлука ќе ја донесе Трамп