Утрински Весник
Економија

Од полноќ нови цени на горивата

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05% во однос на одлуката од 18.9.2023 година.

dobivaj vesti na viber

Од 26.9.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 89,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 91,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 85,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 85,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 48,715 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалуваат за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,447 ден/кг и ќе изнесува 48,715 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,198%, кај дизелот за 3,096% , кај екстра лесното масло за 1,768% и кај мазутот зголемувањето е за 0,699%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,389%

Можете да прочитате

Димитриеска-Кочоска: Определбата да нема промена на даночните стапки наметна внимателно планирање на Буџетот за 2027 година

Ако роботите ги заменат професиите, кој ќе плаќа придонеси?

Од понеделник ќе јадеме поскап леб, поскапуваат и други намирници