Утре на 26 септември во 11:00 часот на големата сцена во Македонскиот народен театар ќе се одржи комеморација за актерот Владимир Ендровски.
„Да му одадеме почит на актерот Владимир Ендровски, кој со својот карактеристичен излив на емоции, маестрално подготвени улоги, умешноста и со огромна експлозија на енергија ја пренесуваше од сцената кон публиката сцена и телевизискиот/филмски екран. Вечен спомен за единствениот Владимир Ендровски!“, велат од Македонскиот народен театар.