Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ценовска-Серафимовска: Скопје, европска престолнина на културата

(Видео) Ценовска-Серафимовска: Скопје, европска престолнина на културата

Со СДСМ македонската култура постигнува значајни успеси. Главниот град Скопје, е избран за европска престолнина на културата за 2028 година, истакна на денешната прес-конференција Мелиса Ценовска-Серафимовска, членка на ЦО на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Добивањето на оваа престижна титула ќе значи можност за силен културен развој на градот, реализација на нови проекти со кои ќе се збогати европската културна таписерија со македонските богатства.

Овој избор е признание на сите заложби на институциите предводени од СДСМ, пред сè, Министерството за култура, Владата, но и поранешната локална власт во градот, која имаше визија и ја подготви апликацијата.

Додека ДПМНЕ го уназадува Скопје, му предизвикува нова катастрофа, СДСМ обезбедува можности за развој“, вели таа.

Надлежните институциите, додава таа, се подготвени да одговорат на предизвикот.

„Владата преку Министерството за култура безрезервно поддржуваат реализација на овој проект.

Следува уште многу работа за Скопје и целата македонска култура во 2028 година да се покажат во најдобро светло на европската и светската сцена.

Овој нов успех на македонската култура доаѓа само неколку дена по одлуката на Комитетот на УНЕСКО, со што го сочувавме престижниот статус на нашиот бисер. Охридскиот Регион останува на листата на светското културно и природно наследство, со исклучителна универзална вредност“, изјави Ценовска-Серафимовска.

Можете да прочитате

Вечерва трагедија во Скопје: Малолетник се фрли од зграда

„Фронт 21/42“ ја поздравува одлуката за повлекување на Предлог законите за Охридско Езеро и Студенчишко Блато

Пожарите на планините Мукос и Бабуна го загадија воздухот во Велес