Утрински Весник
Култура

Друштво на филмски работници: „Браќа Манаки“ е фестивал на ДФРМ и така и ќе остане

Друштво на филмски работници: „Браќа Манаки“ е фестивал на ДФРМ и така и ќе остане

Друштвото на филмски работници на Македонија остро се спротивставува на, како што велат, повторните илузорни тенденции да му биде одземен Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки.

dobivaj vesti na viber

„ДФРМ е основач и веќе 44 години организатор на нашиот најпрестижен филмски фестивал, а собранието на друштвото го избира директорот на Манаки“, се вели во реакцијата на ДФРМ по повод вчерашниот пост на советникот и координатор на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски, кој на својот Фејсбук профил објави дека фестивалот „Браќа Манаки“ треба да биде национална институција со седиште во Битола.

Од ДФРМ наведуваат дека фестивалот „Браќа Манаки“ им припаѓа на сите филмски дејци и вљубеници во седмата уметност, без разлика од кој дел на светот тие доаѓаат.

„Фестивалот несомнено ѝ припаѓа и на Битола, градот на Манаки. Но од институционален аспект, тој му припаѓа единствено на Друштвото на филмските работници, како што е впишано и во Централниот регистар и за што друштвото ексклузивно ја поседува трговската марка „ИФФК Браќа Манаки“. Престижните светски филмски фестивали не се установи под капа на државата од која во голем дел се финансираат, туку се независни“.

„Фестивалот Браќа Манаки се финансира од Агенцијата за филм и од општината Битола, од комерцијални спонзори и други донации, со несебична помош од Кинотеката на Македонија, Факултетот за драмски уметности и многу други општествени чинители и поединци од сферата на филмот, а покровител е Претседателот на државата“

„Го разбираме локал патриотизмот кај одредени политички чинители, но „Браќа Манаки“ е фестивал на ДФРМ и така и ќе остане“, стои во соопштението на Друштвото на филмски работници.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“