Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: СДСМ повторно осуден дека клевети и шири лажни вести, овој пат за пречистителната станица

Мицкоски: СДСМ повторно осуден дека клевети и шири лажни вести, овој пат за пречистителната станица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека добил уште една пресуда против СДСМ. Овој пат, како што вели, се работи за пречистителната станица на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

„Задоволството е поголемо и кога вака заробениот и корумпиран суд на власта не ќе може да го одбегне фактот дека СДСМ ме клевети. Токму вчера, на 20 септември, уште една добиена пресуда против СДСМ дека клевети и шири лажни вести против мене.

Овој пат за тендерската постапка за пречистителната станица на Град Скопје, истиот тендер што подоцна го потпиша Градот со грант обезбеден од оваа Влада.

Лагите и медот останаа кај СДСМ и нивните апологети. Но, и тоа нема да биде долго зашто остана уште малку до смена на власта кога ќе го почувствуваат вистинското владеење на правото и правдата“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Можете да прочитате

Мицкоски: МВР идентификува 20 лица поврзани со пожарите

Шукова: Ангелов со силеџиската изјава за  Ромите го открива вистинското лице на  власта

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите на Мицкоски не може да му се верува