Утрински Весник
Култура

Архитектонска изложба: „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“

Архитектонска изложба: „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“

Денеска, 21 септември, со почеток во 19 часот во Музејот на современата уметност – Скопје ќе се отвори архитектонската изложба „Иднината како проект | Доксијадис во Скопје“.

dobivaj vesti na viber

Во годината кога Скопје одбележува 60 години од катастрофалниот земјотрес што го разурна градот на 26 јули 1963 година оваа изложба има за цел одново да ја стави во центарот на вниманието приказната за неговата обнова. Во нејзиниот фокус е улогата и придонесот на грчкиот архитект и планер – Константинос А. Доксијадис.

Автори и куратори на изложбата се Јован Ивановски, Ана Ивановска Дескова, Владимир Десков, Калиопи Амигдалу, Костас Циамбаос во соработка со истражувачкиот тим кој го сочинуваат: Теа Дамјановска, Михајло Стојановски и Христос – Георгиос Критикос.

Проектот е реализиран од Здружението на граѓани за поддршка и промоција на културата – Континео 2020, Скопје и е дел од годишната програма на Министерство за култура на Република Северна Македонија.

Поставката ќе биде отворена за јавноста до 20 јануари, 2024 година.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“