Утрински Весник
Економија

Бектеши – Бешт: Има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Франција

Бектеши – Бешт: Има голем простор за зголемување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Франција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за економија, Крешник Бектеши, го прими министерот за надворешна трговија, атрактивност и француска дијаспора на Франција, Оливие Бешт, кој е во посета на Северна Македонија.

dobivaj vesti na viber

На средбата, министерот Бектеши, посакувајќи му срдечно добредојде на својот колега Бешт изрази благодарност за поддршката што француската влада ѝ ја дава на нашата земја во процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија во Унијата.

Главна тема на разговор на средбата помеѓу двајцата министри беше досегашната економска соработка помеѓу двете земји, како и активности со кои соработката ќе се унапреди во наредниот период.

Министерот Бектеши ги презентира можностите за инвестирање во Република Северна Македонија и посочи дека во наредните неколку години ќе се реализираа големи капитални проекти во патната, железничката, енергетската инфраструктура, на кои би можело да аплицираат и француски компании со искуство во соодветните области и кои веќе реализирале вакви проекти.

Двајцата соговорници се согласија дека има голем простор за зголемување на соработка меѓу двете земји, пред сè, во делот на инвестициите во енергетиката, особено кај обновливите извори на енергија.

Се договорија во наредниот период да се организира бизнис-форум помеѓу македонски и француски компании за размена на искуства, кои ќе отворат можност за нови инвестиции од двете страни.

Можете да прочитате

Новогодишен „подарок“ од Владата, 100 милиони евра нов долг вели Битиќи

ЕБОР одобри 20,9 милиони евра за модернизација на железницата во Македонија

Николовски: Царинската управа со рекордна наплата и засилена дигитализација ја движи економијата