Клиника Жан Митрев додели ваучери за педијатриски прегледи за секое новороденче од Општина Центар.
Како дел од меморандумот за соработка потпишан со Општина Центар ова е второ доделување ваучери за семејствата од оваа општина кои годинава добиле дете, откако во мај беа доделени 130 ваучери. Истото е продолжување на традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев придонесува за безгрижен и здрав развој на новороденчињата и ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.
Секое новороденче ќе биде прегледано од педијатар специјалист и родителите ќе бидат советувани за понатамошна нега. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да одберат термин кој најмногу им одговара и да закажат преглед за своето бебе. Бројот за закажување прегледи е 02/3091-484.
(ПР)