Утрински Весник
Свет

(Видео) Загина државјанин на Велика Британија, другата жртва неидентификувана: Детали за несреќата во Црна Гора

(Видео) Загина државјанин на Велика Британија, другата жртва неидентификувана: Детали за несреќата во Црна Гора

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на главниот пат Цетиње – Будва кога автобус на компанијата „Паповиќ“ слета во провалија долга 15 метри. Во автобусот имало 27 патници.

dobivaj vesti na viber

Елеваторот кој пристигна од Подгорица го извлече автобусот од провалијата. Од Службата за заштита и спасување од Подгорица за порталот РТЦГ информираат дека под автобусот не се пронајдени повеќе тела, како што претходно се стравуваше.

Како што соопшти дежурната обвинителка Анѓа Радовановиќ, едното настрадано лице е државјанин на Велика Британија, а другото женско лице е неидентификувано.

Дежурната државна обвинителка Анѓела Радовановиќ соопшти дека на лице место излегла со вештаци од машинската и сообраќајната струка.

„Утврдивме дека 22 се повредени, девет се префрлени во КЦЦГ, двајца загинале. Возачот моментално се наоѓа во болницата во Цетиње, по што поради повредите ќе биде префрлен во КЦЦГ“, изјави Радовановиќ.

Таа додава дека прелиминарните податоци покажуваат дека немало контакт со друго возило.

Началникот за операции на Службата за заштита и спасување на Цетиње, Марко Поповиќ за медиумите изјави дека повикот го добиле околу 12:11 часот.

Автобусот го возел Н.С од Никшиќ, а билетот од Никшиќ за Котор утрово го купиле четири лица. Возачот е хоспитализиран, а од него ќе биде земена изјава за околностите на несреќата. Како што дознаваме, не е исклучена можноста тој да биде лишен од слобода.

Полициската управа на ОКЦ соопшти дека се уште се утврдуваат деталите за несреќата.

Автобусот на компанијата „Паповиќ“ требало да превезува патници на релација Никшиќ – Подгорица – Цетиње – Будва – Котор.

Автобусот тргнал од Никшиќ во 9:44 часот.

Можете да прочитате

Мнозинството Европејци оптимисти за иднината на ЕУ 

Лавров: Зеленски и Кулеба зборуваат спротивно за перспективата на преговорите со Русија

Блинкен се сретна со својот кинески колега Ванг Ји во Лаос