Утрински Весник
Македонија

(Видео) Со помош од два ер трактори на ДЗС и полициски хеликоптер целосно изгаснат пожарот над Катланово

(Видео) Со помош од два ер трактори на ДЗС и полициски хеликоптер целосно изгаснат пожарот над Катланово

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, извести дека целосно е изгаснат пожарот над Катланово.

dobivaj vesti na viber

– Со подршка на два ер трактори на ДЗС и еден полициски хеликоптер, пожарникарите од скопската Бригада за противпожарна заштита вечерва успеаја целосно да го изгаснат пожарот над Катланово, изјави Ангелов.

Тој додаде дека моментално се врши проверка на теренот и догаснување на остатоци во внатрешноста на изгорената површина.

Пожарот изби денеска попладне, околу 15 часот и 30 минути.

Можете да прочитате

Ферати: 25 години по Охридскиот договор, наша задача е мирот да го претвориме во доверба, а довербата во подобра иднина

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Огнот се спушти до првите куќи во село Лозани