Утрински Весник
Свет

Синот на Бајден под обвинение: лажел на прашањето за дрога, кога купувал пиштол

Бајден ќе им оддаде признание на оние кои го бранеа Капитол
Dik 300x250 mk

Федералните обвинители покренаа обвинение против Хантер Бајден, синот на претседателот Џо Бајден, под обвинение за оружје, покажуваат судските документи. Според обвинението, Хантер лажел за неговата употреба на дрога кога го купил пиштолот во 2018 година, пишува „Daily Mail“.

dobivaj vesti na viber

Пиштолот од 0,38 милиметри го купил во Делавер, држава која го тера секој купувач да одговори на низа прашања пред да добие пиштол.

На пријавата од 2018 година, се поставува прашање дали барателот користи или е зависник од дрога. Кутијата е јасно означена со „не“.

Доколку биде прогласен за виновен, Хантер Бајден се соочува со затворска казна од 10 години за ова дело, пишува медиумот.

Историското обвинение против синот на актуелниот претседател доаѓа откако републиканците во Претставничкиот дом најавија истрага за импичментот на Бајден поради врски со контроверзните афери на неговиот син во странство.

Хантер Бајден е под истрага и за неговите надворешни работи, кои исто така се во фокусот на истрагите што ги започнаа републиканците во Претставничкиот дом.

Можете да прочитате

Трамп заигра во Малезија: Американскиот претседател ги изненади сите со својот танц

ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА од бруталното претепување до смрт во Ново Место – Словенија на нозе, паднаа оставки, се бараат радикални мерки

Кукла на Нетанјаху обесена на кран во Трабзон