Утрински Весник
Свет

(Видео) Во амбулантно возило во Србија пронајдени 3 килограми марихуана, возачот уапсен

(Видео) Во амбулантно возило во Србија пронајдени 3 килограми марихуана, возачот уапсен

Полицијата открила три килограми марихуана во амбулантно возило во Србија, а возачот е уапсен, дознава „Индексонлајн.рс“.

dobivaj vesti na viber

Припадници на српската полиција од Нови Пазар го запреле возилото на брзата помош со регистарски таблички на Рашка и  пронашле неколку килограми марихуана, јавува „Нова.рс“.

Српските медиуми јавуваат дека брзата помош била запрена на стариот пат Нови Пазар – Рашка, во близина на новопазарската населба Шестово. Возачот на брзата помош е приведен во просториите на ПУ „Нови Пазар“.

Засега не се знае дали се работи за возило од Здравствениот дом во Рашка или за возило што работи на клиниките на северот на Косово, пренесува „Нова.рс“.

Можете да прочитате

Помошникот на Путин: Мировниот план на Трамп за Украина ќе влезе во руските учебници

Недостиг на лекови во Газа: ОН предупредува на катастрофа

Приказната за првата љубов на папата Франциско: „Ако не се оженам за тебе, ќе станам свештеник“