Вчеравечер, околу 19 часот, на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, Гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи „Југ“ ги лишиле од слобода 30-годишниот Б. Ј. и 26-годишниот Б. З., двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело шверцување мигранти, извести МВР.
„Претходно, тие биле забележани со патнички возила ‘фолксваген голф’ и ‘сеат леон’, со скопски регистарски ознаки, а кај клучка Миравц, возилата била запрени и при преглед во возилото ‘голф’, што го управувал Б. Ј., биле пронајдени пет лица мигранти (четири од Сирија и еден од Авганистан)“, соопшти МВР.
Мигрантите биле сместени во прифатни центри во Скопје и Гевгелија. Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.