Утрински Весник
Македонија

(Видео) Симоновски: Учениците немаат учебници дадени им се материјали да принтаат сами

(Видео) Симоновски: Учениците немаат учебници дадени им се материјали да принтаат сами

„Учебната година започна, министерот за образование и наука единствено нешто што законски реализира е само календарот за работа т.е. учебната година започна на 1-ви септември се останато е ставено на маргините. Учебници нема, материјали се дадени електронски, родителите сами да ги принтаат, може да се набројува до бесконечност за што и веќе говоревме. Вака ли министре се грижите за нашите ученици? Вашата грижа е финансискиот терет да биде на родителите, самите да се снаоѓаат за нешто што е ваша грижа. И ќе беше во ред да е само ова, но не e. Министре не се грижите за родителите, за учениците и за наставниот кадар кој требаше да го обезбедите“, рече Иван Симоновски, член на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Според член 54 став 5 од Законот за основно образование за наставата по физичко и здравствено образование од прво до петто одделение се вклучува наставник по физичко и здравствено образование. Дали во учебната 2023/24 година се вклучени наставници по физичко и здравствено образование? За жал и на ова прашање пак одговорот е НЕ. А, зошто министре, затоа што МОН не ја извршува својата должност, немате доставено согласности за ново финансирање министре! Немате време да размуслувате за ова?

Одделенските наставници сами ги реализираат часовите, иако не им се платени, иако држат повеќе часови од што е предвидено и СЕКОЈА ЧЕСТ за нив. Не ги оставаат учениците и се трудат да ја поправат вашата негрижа иако е на нивна штета. Ги оставивте учениците без со закон предвиден компетентен кадар за реализација на наставата по физичко и здравствено образование. Образование е во прашање, недозволиво е да се импровизира.

Но вие сте министер ваша обврска е, СРАМОТА Е сите инволвирани во воспитно – образовниот процес да трпат последици поради вашата неспособност. Го уништивте образованието, ги пониживте наставниците кои се темелот на една држава, ги осакатувате учениците, ги омаловажувате родителите, работите незаконски.

Почитуван министре, се извинувам за компарацијата која ја правам но образовниот систем и педагошката наука имаат огромна доза на сериозност, наука е во прашање министре не е трач рубрика за да се однесувате со ваква ноншалантност и несериозност“, изјави Иван Симоновски, член на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер

(Видео) Започнува нова епизода на подкастот Зрак со д-р Марина

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!