Утрински Весник
Македонија

Османи ќе го отвори Форумот на втората димензија на ОБСЕ во Прага

Османи: Низ дебатите да разграничиме, каде почнува партискиот, а каде завршува интересот на државата

Министерот за надворешни работи и Претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, на 14-ти и 15-ти септември ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ кој се одржува во Прага, а во рамки на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата.

dobivaj vesti na viber

Темата на Форумот е „Промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“, а во рамки на дводневната програма ќе се дискутира на важни теми кои се приоритети на Претседателството во втората димензија на ОБСЕ: справување со климатските промени, доброто владеење и антикорупцијата, олеснувањето на транспортот и трговијата и безбедност на храната, како и управувањето со ризици предизвикани од катастрофи, извести МНР.

Официјалниот дел на Форумот ќе го отвори Претседавачот со ОБСЕ Османи, а предвидени се воведни обраќања и од генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид, како и од министерот за надворешни работи на Чешка, Јан Липавски.

На покана на Османи, настанот на едно место ќе собере видни делегати од владини и државни институции, претставници од приватниот сектор, академската заедница, граѓанското општество и меѓународните организации.

Целта на Форумот е да ги продолжи, но и надополни дискусиите на оваа тема од Струшката конференција за економската и еколошката димензија на ОБСЕ која се одржа годинава во јуни, како и да поттикне интерактивна дискусија и размена на национални искуства, што може да резултира со конкретни и остварливи препораки за ОБСЕ и нејзините земји-учеснички, се наведува во соопштението на МНР.

Можете да прочитате

Средба на министерот Муцунски со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе

Јовановски осуден на 12 години затвор по самоубиството на Ивана

ВЛЕН: ДУИ лаже, најевтината понуда ја претставува како корупција