Утрински Весник
Спорт

Животната драма на шпанската тениска легенда

Животната драма на шпанската тениска легенда

Легендарната шпанска тенисерка Арантча Санчез-Викарио се соочува со четири годиншна затворска казна за проневера и перење пари, а пресудата би можела да ја дознае набргу по почетокот на судењето во Барселона оваа недела.

dobivaj vesti na viber

Четирикратната победничка на Грен слем турнирите и поранешна светска тенисерка број еден и должи на банка од Луксембург осум милиони евра данок. Таа тврди дека не е виновна.

Санчез-Викарио рече дека за финансиите бил задолжен нејзиниот тогашен сопруг, на кого наводно му кажала дека мора да плаќа данок, а тој ја уверувал дека редовно го прави тоа за неа. Се испостави дека лажел, парите во меѓувреме ги потрошил и на Шпанката сега и се заканува затвор.

„Издржувам две деца, а пријателите ми помагаат со пари. Половина од сè што сум заработила во кариерата морам да дадам за да го отплатам долгот. Многу ми е тешко, но некако ќе морам да си го организирам животот за се да функционира нормално“, изјави 5. годишната Санчез-Викарио за „Ел Паис“.

Во својата автобиографија, која излезе пред десет години, таа ги обвини родителите дека речиси целата нејзина заработка од 50 милиони долари ја потрошиле на катастрофални деловни одлуки, а пред судот во Барселона за финансискиот коплас што и се случи последните години, во солзи го обвини својот поранешен сопруг.

„Не знаев што прави со моите пари. Му верував, го сакав, но згрешив. Ме измами. Од 2009 година ги користеше моите пари со моја согласност и ме уверуваше дека се е во ред” изјави Шпанката, додавајќи дека веќе го вратила долгот од два милиони евра и дека редовно ги плаќа ратите.

Санчез-Викарио во кариерата само од настапите на турнирите заработи околу 17 милиони долари, а останатите преку богати спонзорски договори. Таа три пати го освои Ролан Гарос (1989, 1994 и 1998 година), а во 1994 година го освои и Ју-ес опен. Во кариерата освои вкупно 29 турнири, а во неколку наврати беше и број 1 на ВТА листата.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига